Денес има солидна понуда за обложување бидејќи почнува Лигата на нации, а дербито се игра помеѓу Италија и Белгија.
Италија блеска во Лигата на нации
Италија под водство на Спелети има смена на генерации и јасно е дека не е на нивото како славните генерации на „аѕурите“. На Европското првенство целосно разочараа и играа под сите очекувања. Едвај ја минаа групната фаза, а веднаш во осминафиналето следеше „ладен туш“ од Швајцарија која заслужено победи и покажа дека Италија има долг пат пред себе. Спалети ја доби довербата да остане на кромилото и покрај разочарувачките резултати, па веднаш ја оправда со одличниот старт во Лигата на нации. Стартуваа со две победи меѓу кои една против најголемиот ривал Франција среде Париз. Сега сака со победа над Белгија да се зацврсти на првото место во групата.
Белгија има смена на генерации
Најсилната генерација Белгија не успеа да освои трофеј на едно од големите натпреварувања, а впечаток е дека оваа селекција беше најблиску до тоа на СП 2018 во Русија, кога Белгијците беа елиминирани во полуфинале на Французите. Во меѓувреме се случија бројни промени во репрезентацијата на Белгија, но беше видливо дека репрезентацијата нема капацитет за големи неша на ЕП. Тимот предводен од Тедеско едвај ја мина групната фаза, а во нокаут фазата беа елиминирани токму од Франција. И во Лигата на нации не почна добро и беше поразена од Франција,а сега гостува кај еден друг фаворит и ова ќе биде сериозен тест.
Очекување
Дуел на репрезентации кои сакаат да се надигруваат и очекуваме отворен дуел со голови на двете страни.
ТИП
Италија – Белгија – ГГ @ 1.85 во Mozzart