Денес има голема понуда за обложување, а ние за вас ќе го анализираме дуелот од Серија А помеѓу Џенова и Јувентус.
Џенова сака да ја повтори минатата сезона
Џенова минатата сезона беше едно од најпријатените изненадувања и иако целта беше опстанокот сепак заврши на средината на табелата. Ова лето тимот остана без неколку важни фудбалери, пред се Ретеги и Гудмунсон, но сепак беа донесени адекватни замени. Џенова одлично ја започна сезоната во првите две кола, но потоа следуваше пад и запиша два порази во изминатите три кола. Сепак, познато е дека Џенова игра најдобро против фаворитите, особено на домашен терен. Целта е да се повтори минатата сезона, но тоа секако ќе биде многу тешко. Во секој случај впечатокот е дека овој тим нема да има проблеми да избори опстанок.
Јувентус пред императив победа
После неколкуте просечни сезони, Јувентус ова лето направи драстични промени и конечно сака да се врати на врвот на италијанскиот фудбал. Доведен е нов тренер, Тиаго Мота, кој минатата сезона направи „чудо“ со Болоња. Тимот значително се засили во летниот преоден рок, особено средниот ред каде пристигнаа Даглас Луиз, Турам и Копмајнерс. Поради тоа амбициите на „старата дама“ оваа сезона ќе бидат високи и ќе атакуваат на Скудетото, но многу е важно како ќе ја отворат сезоната и колку време ќе му биде потребно на Мота за да го балансира тимот. Јувентус стартуваше со две победи, а потоа следуваа три ремија, особено разочарувачки беше тоа со Емполи.Меѓутоа во Лигата на шампиони стартуваа добро, а она што е импресивно е што после пет кола немаат примено гол во Серија А. Ова е меч каде што Јувентус сака да се врати на победите и е пред императив победа.
Очекување
Квалитетот и формата се на страната на гостите, па иако ова е тешко гостување сепак веруваме дека ќе ги освојат трите бода.
ТИП
Џенова – Јувентус – 2 @ 1.70 во Mozzart