ТИП НА ДЕНОТ (25.09.2024, 21:00) БАРСЕЛОНА – ГЕТАФЕ – Спортски Портал

Тип на денот

Денес нема голема понуда за обложување, а ние за вас ќе го анализираме дуелот од шпанската Примера помеѓу Барселона и Гетафе.

Барселона има перфектен старт

Барселона ова лето имаше многу турбуленции, дојде нов тренер Ханзи Флик, а финансиските проблеми во клубот останаа. На крајот Барса го задржа костурот и го доведе Дани Олмо, но сепак впечатокот беше дека заостанува зад Реал Мадрид по квалитет. Меѓутоа, Каталонците изненадуваат и имаат перфектен старт со шест победи во првите шест кола. Флик веднаш успеа да го наметне својот стил на игра и да создаде компактна екипа, иако има многу повредени фудбалери. Сепак, младите фудбалери на Барса играат одлично и се полни со самодоверба. Голем проблем е повредата на голманот Тер Штеген за кого сезоната е завршена, па клубот ќе бара нов голман. На овој меч е голем фаворит и се очекува да ја продолжи добрата серија.

Гетафе ќе се бори за опстанок

Гетафе веќе неколку сезони е во елитата и успева да се одржи, а до пред неколку сезони успеваше да биде и во горниот дел на табелата. Сепак, според квалитетот оваа сезона е еден од најслабите тимови во лигата и секако главната цел ќе биде да избори опстанок. Лошо ја отвори сезоната со три бода после шест кола и моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата. Ова по традиција е тешко гостување за Гетафе каде ретко освојува бодови, а сега Барса е во одлична форма и ќе му биде потребно „чудо“ да остане непоразен. Ќе се обиде да се брани и да се заканува со контранапади, но тешко дека ќе може да избегне пораз.

Прочитајте уште...  ТИП НА ДЕНОТ (11.12.2024, 21:00) ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ  – Спортски Портал

Очекување

Барселона е голем фаворит и очекуваме лесно да ги освои трите бода притоа победата да биде изразена со повеќе голови разлика.

ТИП

Барселона – Гетафе – 1, 3+ @ 1.65 во Mozzart

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.