Денес има голема понуда за обложување, а во фокусот секако ќе биде големото дерби во Серија А помеѓу Јувентус и Наполи.
Јувентус со големи амбиции сезонава
После неколкуте просечни сезони, Јувентус ова лето направи драстични промени и конечно сака да се врати на врвот на италијанскиот фудбал. Доведен е нов тренер, Тиаго Мота, кој минатата сезона направи „чудо“ со Болоња. Тимот значително се засили во летниот преоден рок, особено средниот ред каде пристигнаа Даглас Луиз, Турам и Копмајнерс. Поради тоа амбициите на „старата дама“ оваа сезона ќе бидат високи и ќе атакуваат на Скудетото, но многу е важно како ќе ја отворат сезоната и колку време ќе му биде потребно на Мота за да го балансира тимот. Јувентус стартуваше со две победи, а потоа следуваа две ремија, особено разочарувачки беше последното со Емполи.Меѓутоа во Лигата на шампиони запишаа голема победа, па со голема самодоверба влегуваат во ова дерби. Домашниот терен секако е предност и поради тоа „бјанконерите“ се благи фаворити на овој дуел.
Конте го препороди Наполи
Наполи минатата сезона беше големо разочарување, па поради тоа ова лето се напрација драстични промени, а на кормилто пристигна Конте од кого многу се очекува. Наполи лошо ја стартуваше сезоната со пораз од Верона, но потоа беа донесени неколку големи засилувања, пред се Лукаку, па следуваа три победи. Веднаш се гледа дека Наполи под водство на Конте е препороден и оваа сезона е фаворит од сенка за Скудетото. Не играат во Европа и тоа ќе биде голема предност бидејќи сета енергија ќе ја насочат кон Серија А. Ова е првиот голем тест за тимот на Конте и тоа на местото каде ја стекна својата афирмација. Наполи секогаш има специјален мотив против Јувентус кој е нивни најголем ривал. Со евентуална победа на ова гостување ќе се наметне како сериозен кадидат за титулата.
Очекување
Дуелите на овие два тима се секогаш неизвесно, но возбдливи и богати со голови, па очекуваме така да биде и овој пат.
ТИП
Јувентус – Наполи – ГГ @ 1.80 во Mozzart