Денес има солидна понуда за обложување, а ние ќе го анализираме дуелот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Ханденхајм.
Колку може Дортмунд оваа сезона?
Борусија Дортмунд минатата сезона не се прослави во Бундеслигата, но блескаше во Лигата на шампиони каде стигна до финалето, но беа поразени од Реал Мадрид.Во германското првенство оваа екипа го зазеде петтото место на табелата, но минатата сезона и тоа место од Бундеслигата носеше пласман во ЛШ. Во меѓувреме „милионерите“ го сменија тренерот, замина Един Терзиќ кого го наследи Нури Шахин, поранешен фудбалер на овој клуб. Пред него ќе има сериозно тешка задача, а тоа е да обезбеди пласман во елитното клупско натпреварување, да биде конкурентен во борбата за шампионската титула, но и донекаде да ги повтори игрите од минатата сезона од Лигата на шампионите. Тимот во текот на летото беше многу променет, па не може да се знаат краните домети. Во првото коло се мачеше на домашен терен и победи, а потоа ремизираше. Овој меч ќе биде важен тест за „милионерите“ кои важат за фаворити.
Хаjденхајм почна одлично
Хајденхајм е основан во далечната 1846 година, што го прави овој клуб еден од најстарите во Германија. До минатата сезона најголемиот успех на овој клуб беше освојувањето на второто највисоко ниво на германскиот фудбал, но во последното издание на Бундеслигата, овој убав тим одигра на многу високо ниво од првото до последното коло и на крајот стигна до одлично осмо место на табелата. Минатата сезона гарантираше пласман во Конференциската лига, а таму германскиот претставник во плеј-офот успеа да го елиминира шведски Хакен и да стигне до првиот пласман во едно од европските натпреварувања во својата историја.Учеството во третото најквалитетно европско клупско натпреварување секако ќе им нанесе дополнителен товар на фудбалерите на овој тим, особено што тренерот Шмит навистина не може да се пофали со широка ротација. Меѓутоа, Ханденхајм одлично ја отвори сезоната и после две кола има шест бода, па со голема самодоверба ќе патува во Дортмунд и нема лесно да се предаде.
Очекување
Дортмунд е голем фаворит на овој меч, но Ханденхајм се покажа како незгоден противник кој сака да се надигрува, па очекуваме ефикасен меч со многу голови.
ТИП
Борусија Дортмунд – Ханденхајм – 3+ @ 1.65 во Mozzart