Оваа недела која е пред нас е со фантастична понуда и се игра фудбал ширум светот, па без поголеми проблеми го составивме тикетот за денес.
Челзи – Астон Вила – ГГ @ 1.50 во Mozzart
Челзи оваа година игра далеку подобро за разлика од изминатите и тоа се докажува со моменталната позиција на табелата. Плавите досега изиграа 12 првенствени натпревари и собраа 22 бода што не е учинок за потценување. На гости овој пат им доаѓа Астон Вила, тимот кој потфрли во последно време и тоа се докажува со резултатите од последните четири кола каде што запишаа две реми и два порази. Сепак ние овде решивме да го избегнеме конечниот исход и ви даваме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.50 во Mozzart.
Монпеље – Лил – 2 @ 1.83 во Mozzart
Монпеље е најголемото разочарување оваа сезона во Франција. Тие се наоѓаат убедливо на последното место со само 7 освоени бода од 12 кола и ако не променат нешто, дефинитивно следната сезона ќе ги гледаме во втората лига. Лил пак се снајдува одлично и е на горниот дел на табелата всушност каде што и припаѓа, а зад себе бележи фантастични резултати, па веруваме дека така и ќе продолжат и на овој натпревар. Наш предлог тип за овој дуел е 2 со квота 1.83 во Mozzart.
Виљареал – Жирона – 3+ @ 1.73 во 20Bet
Виљареал после 13 изиграни натпревари се наоѓа на одличната 4-та позиција што и на крајот на сезоната води во Лигата на шампиони. Овој тим во последните четири натпревари нема пораз бидејќи оствари две победи и две реми. Жирона од друга страна не игра како лани, но последните три натпревари ветуваат дека овој тим има амбиции и желба да стигне повторно до некој од европските купови. Овде двата тима играат отворено и ефикасно, па головите не би требало да изостанат. Наш предлог е 3+ со квота 1.73 во 20Bet.
Лече – Јувентус – 2 @ 1.70 во Mozzart
Лече на овој натпревар влегува со добро расположение. Тие во минатото коло зедоа важни три бода против Венеција и благодарение на тоа се издвоија од екипите кои се дел од опасната зона. Јувентус некако заостана во борбата за титулата и во моментов имаат четири бода разлика од првопласираниот тим на Наполи, а конкуренцијата за Европа никогаш не била „потесна“ како што е овој пат. Ние очекуваме црно-белите да земат три бода и да победат без поголеми проблеми. Коефициентот за 2 во Mozzart изнесува 1.70.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Mozzart: 8.07