Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка во сезоната

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд.

Причината за ова е поради тоа што неговото опоравување од повредата е продолжено, објави неговиот тим Априлија.

Мартин се здоби со повеќе скршеници на раката и стапалото во несреќа што ја доживеа на почетокот на овој месец за време на предсезонските тестирања на патеката Сепанг во Малезија.

Нa негово место, тест возачот на тимот, Италијанецот Лоренцо Савадори, ќе се натпреварува во тимот на Априлија.

Првата трка во новата сезона, на патеката Буринам ќе се вози в недела од 15 часот.

Прочитајте уште...  Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.