Поранешна медицинска сестра на Шумахер обвинета за завера и уценување на неговото семејство

Медицинска сестра, чиј идентитет не е јавно обелоденет, наводно била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер со закана дека ќе објави слики од тркачката легенда на веб-страница на дарк-нет.

На судењето во Вупертал, медицинската сестра беше идентификувана како една од тројцата обвинети дека се обидела да изнуди пари од семејството.

– Сликите можеа да дојдат само од т.н компјутер за нега, до кој пристапувале медицински сестри, терапевти и лекари, а кој не бил поврзан на интернет, изјави обвинителот Даниел Милер.

Како што наведе, обвинети се три лица дека се обиделе да изнудат 15 милиони евра за да не објават околу 900 слики и 583 видеа од поранешниот возач на Формула 1, на кои тој е делумно беспомошен, во инвалидска количка и во болнички кревет закачен на медицинска опрема. Обвинети се поранешниот телохранител на Шумахер, Маркус Ф, обезбедувач на ноќни клубови Јилмаз Т. и неговиот син Даниел.

Прочитајте уште...  (Видео) Макс Ферстапен под лажно име тестирал „Ferarri GT3“

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.