Рикардо си заминува по трката во Сингапур?!

Возачот на РБ тимот, јуниорскиот тим на Ред Бул, Даниел Рикардо изјави дека не е сигурен дали по трката во Сингапур ќе остане во тој тим до крајот на сезоната во Формула 1. Договорот на Рикардо истекува на крајот од сезоната, но се шпекулира дека по неделната трка во Сингапур, тој би можел да биде заменет со Лиам Лосон во тимот на РБ на последните шест трки од сезоната.

– Знам како е и како оди и знаев дека ќе има некои термини и датуми оваа година, без разлика дали е летната пауза или сега по Сингапур. Мислам дека има уште многу неизвесност. Ќе видиме како ќе помине викендот. Ќе дадам сè од себе, сè што имам. Секогаш има за што да се борам, планот е да се обидам да стигнам до подиумот, изјави Рикардо.

Трката за ГН на Сингапур се вози во недела од 14 часот.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.