Наследникот на Луис Хамилтон во Мерцедес, италијанскиот тинејџер Кими Антонели, по само десет минути го заврши тренингот на патеката во Монца.
Антонели доби шанса да вози на првиот тренинг, на место Џорџ Расел. По десет минути, кога го возеше својот петти круг, на влезот во Параблика, загуби контрола врз болидот и заврши во заштитната ограда.
Болидот претрпе штета, но она што е најважно Антонели мина без повреди.
Антонели му се извини на тимот, а шефот на Мерцедес, Тото Волф веднаш му даде поддршка.
Од Мерцедес веднаш објавија дека шетата на болидот не е голема, дека имаат довлно резервни делови и дека инцидентот нема да влиаје на плановите кои ги има тимот за овој викенд.